Утрински Весник
Македонија

Сообраќајот од Гостивар кон Чегране се пренасочува по алтернативни патишта

Дел од улица Босна и Херцеговина ќе биде затворен за сообраќај

Од 9 часот поради поставување на канализациона мрежа во с.Чајле, сообраќајот на регионалниот пат Гостивар-с.Чегране ќе се пренасочува по алтернативни патишта.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и исклучително внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме