Утрински Весник
Спорт

Јанис ги донесе Бакс на чекор до второто коло

Јанис ги донесе Бакс на чекор до второто коло

Милвоки бакс се на чекор до втората рунда во НБА плејофот, откако со 119:106 го совладаа Орландо меџик за да поведат со 3:1 во дуелот од Источната конференција.

Орландо беше победник на првиот меч од нивната серија, но сега Јанис Адетокумбо ги предводеше Бакси до трета победа во низа. „Грчкиот ѕвер“ постиган 31 поен и имаше 15 скока и 8 асистенции, а одличен беше и Крис Мидлтон со 21 поени 10 скока.

Кај поразените, црногорскиот центар Никола Вучевиќ имаше одлична партија со 31 поен, 11 скока и 7 асистенции, а Теренс Рос имаше 19 поени 7 скока, но тоа не беше доволно за победа.

Петтиот меч се игра во среда (20.00 часот).

> Јанис ги донесе Бакс на чекор до второто коло <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Ѓоковиќ рутински се пласираше во четвртфиналето на Олимписките игри

Француската триатлонка Богран го освои златото на Олимписките игри

Надал и Алкараз се пласираа во четвртфиналето во двојки на олимпискиот тениски турнир