Утрински Весник
Спорт

Пирло ја имаше првата тренинг-сесија со Јуве

Пирло ја имаше првата тренинг-сесија со Јуве

Андреа Пирло ја имаше својата прва тренинг-сесија со Јувентус откако беше именуван како замена за Маурицио Сари на клупата на италијанскиот шампион.

Јуве се собраа во нивниот тренинг-центар во Континаса во Торино, а Кристијано Роналдо, кој пристигна во Торино вчера вечерта, учествуваше во сесијата со остатокот од тимот, освен Матијс де Лихт и Пауло Дибала кои се повредени.

На Пирло му се придружи и неговиот тим, вклучувајќи го новиот помошник тренер Игор Тудор. Се работеше во мали групи, според протоколот усвоен од италијанската федерација.

Пирло ќе го има првото соочување со новинарите во вторник попладне.

> Пирло ја имаше првата тренинг-сесија со Јуве <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Џорлев освои злато на Светското карате првество за кадети, јуниори во Полска

Тебас: Не знам колку пати досега Реал побарал моја оставка

Познати двојките за осминафиналето во фудбалскиот Куп на Македонија