Утрински Весник
Свет

Трамп: Ако не бев кандидат, државата ќе отидеше во погрешна насока

Поради поплаките на Трамп, се менува стандардот за тушевите

Доналд Трамп им порача на делегатите на републиканската конвенција дека државата би се движела во погрешен правец, доколку тој не беше реизбран за кандидат на претседателските избори.

„Нашата земја може да се движи во ужасна насока или да биде уште подобро“, рече Трамп, додавајќи дека годинешните претседателски избори се најважни во историјата на САД.

Тој дојде ненајавен на републиканската национална конвенција во Северна Каролина, на која денеска беше избран со гласање на делегатите да биде кандидат на републиканците на претседателските избори во ноември, каде противник ќе му биде демократскиот кандидат Џо Бајден.

Во своето обраќање пред делегатите, Трамп ги обвини демократите дека ја користат загриженоста на гласачите за коронавирусот, со цел да ги „украдат“ следните избори. Тој додаде дека демократите можат да победат само на лажирани избори.

Американците, како што рече тој, знаат да се заштитат од вирусот и можат да излезат на гласање, без потреба да гласаат по пошта, и додаде дека овој вид гласање може да се манипулира.

Републиканската конвенција трае од денес до 27 август и покрај тоа што, за разлика од демократите, тие гласаа во живо, собирот ќе продолжи главно преку видео-врска, а бројот на присутни делегати е намален на околу 300.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Драма на аеродромот во Анталија, авион се запали – евакуирани 79 патници

Сибиха бара партнерите да и обезбедат на Украина системи за пресретнување на ракетите Орешник

Будистички манастир под истрага: 41 тело откриено во Тајланд