Утрински Весник
Свет

(Видео) Се урна зграда во Индија, најмалку 90 лица се заробени под урнатините

(Видео) Се урна зграда во Индија, најмалку 90 лица се заробени под урнатините

Најмалку 90 луѓе, меѓу кои има и деца, останале заробени под урнатините на зграда со 40 станови којашто се урна во индискиот град Махад, јужно од финансискиот центар Мумбаи, соопшти полицијата.

Властите велат дека спасувачите успеале да извлечат 28 лица, но се уште не е потврдено дали има загинати или повредени, пренесува Ројтерс.

На фотографиите од местото на настанот се гледа дека станбен комплекс на пет ката со 40 станови е целосно уништен.

Причината за урнувањето на зградата, што се случило среде силен монсунски дожд, сè уште не е позната, но се појавија контрадикторни информации за тоа колку години е стар објектот.Според некои, зградата била изградена пред шест години, додека други тврдат дека е стара 60 години, пренесува „Хиндустан тајмс“.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Велика Британија прима студенти од Појасот Газа за да го завршат своето образование

Американската крајбрежна стража летово заплени 34 тони дрога од прекуокеански бродови

Претседателот на Боцвана прогласи вонредна состојба во јавното здравство поради недостиг на лекови и медицинска опрема