Утрински Весник
Свет

(Видео) Спасено тригодишно дете во Грција – додека лежело на душек струите го однеле далеку од брегот

(Видео) Спасено тригодишно дете во Грција – додека лежело на душек струите го однеле далеку од брегот

Луѓето кои се возеле на траект во близина на градот Патрас во Грција биле шокирани од глетката кога забележале дете на душек како плови на отворено море, далеку од брегот.

Според грчките медиуми, девојчето имало три години, а струите го однеле далеку од плажата во Антири. Исто така, тие велат дека девојчето сега е во добра состојба и дека „патувањето“ на отворено море не оставило никакви последици по нејзиното физичко здравје.

Детето било забележано од траектот што поминува помеѓу Грција и полуостровот Пелопонез, а екипажот реагирал веднаш и го спасил детето од отворено море. Девојчето седело тивко на душекот, а на рацете имало гумени мускули. Кога екипажот со ферибот го извадил од водата, девојчето останало мирно.

Во повеќето коментари на социјалните мрежи се осудуваат родителите, поради чија небрежност детето се одалечило од брегот. „Страшно!” „Го гледам ова видео одново и одново и не можам да се изначудам“. „Срце мило … Среќна што е живо и здраво. Една огромна казна за родителите!” – се само некои од коментарите на револтираните корисници на социјалната мрежа Фејсбук.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Најмалку шест луѓе загинаа во вооружен инцидент во дискотека во Мексико

Песков: Бајден ги саботира мировните планови на Трамп за Украина

УНРВА: Во северниот дел на Појасот Газа нема вода, храна и лекови