Утрински Весник
Спорт

Крај на сагата – Челси и Баер се договориле за Хаверц

Крај на сагата – Челси и Баер се договориле за Хаверц

Челси и Баер Леверкузен го договориле трансферот на Каи Хаверц. Според новинарот Фабрицио Романо до крајот на денот Челси официјално ќе го потврди најновото засилување.

Романо на „Твитер“ напишал дека трансферот може да достигне вредност од 100 милиони евра. Челси веднаш на клубот од Леверкузен ќе му уплатат 80 милиони евра, а останатите 20 „фармацевтите“ ќе можат да ги заработат низ разните бонуси, чии клаузули ќе бидат вметнати во договорот.

Првите 10 милиони евра од бонусите се лесно остварливи бидејќи се однесуваат на пласманите на Челси во Лигата на шампионите во наредните пет години и нивните настапи таму (пласмани во нокаут-рундите). Секако за да биде исполнет бонусот Хаверц ќе мора да одигра најголем дел од натпреварите.

Останатите 10 милиони евра ќе зависат од трофеите, односно дали Челси ќе освои нешто во Премиерлигата, ФА и Лига купот, односно во Лигата на шампионите.

Хаверц со Челси ќе потпише пет годишен договор, а ќе заработува нешто повеќе од 10 милиони евра по сезона.

21 годишниот фудбалер минатата сезона во дресот на Баерн имаше учинок од 18 голови и девет асистенции.

> Крај на сагата – Челси и Баер се договориле за Хаверц <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Милан го победи Реал, Луверпул славеше над Арсенал

Алкараз изненаден од одлуката на организаторот

Ѓоковиќ рутински се пласираше во четвртфиналето на Олимписките игри