Општина Аеродром објави оглас за работно ангажирање со скратено работно време на сите евидентирани невработени лица што се заинтересирани да се вклучат во програмата „Општинско-корисна работа“, проект „Социјални услуги за еднакви можности за сите генерации II” за период од:
• 6 (шест) месеци (доколку поседуваат соодветен сертификат за давање социјални услуги);
• 7 (седум) месеци (доколку преку Програмата треба да се стекнат со соодветен сертификат за давање на социјални услуги), и
• 9 (девет) месеци (доколку се вклучат во поддршка на деца со попречености во редовен наставен процес)
Заради стекнување вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување – Центар за вработување Скопје.
Евидентираните невработени лица што ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часа неделно, при што за време на работниот ангажман од:
• 6 (шест) месеци (доколку поседуваат соодветен сертификат за давање социјални услуги)
• 7 (седум) месеци (доколку преку Програмата треба да се стекнат со соодветен сертификат за давање на социјални услуги), и
• 9 (девет) месеци (доколку се вклучат во поддршка на деца со попречености во редовен наставен процес)
Статусот на невработените лица останува непроменет, а на невработените лица-корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење социјална помош.
Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата што првпат се јавуваат за учество во Програмата.
За кандидатите што ќе бидат избрани и вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ се предвидува паричен надоместок во висина од 9.000,00 денари бруто-износ, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување предизвикано од повреда на работа и професионална болест.
Евидентираните невработени лица што ќе се пријават за учество во програмата „Општинско-корисна работа“ работа треба да припаѓаат на една од следниве целни групи невработени лица:
– Долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени лица над 5 години)
– Млади лица до 29 години
– Лица постари од 50 години
– Лица корисници на гарантирана минимална помош
– Лица корисници на паричен надоместок по основ на невработеност
– Лица кои имале статус на деца без родители и родителска грижа
– Жртви на семејно насилство
– Лица со попреченост
– Самохрани родители
– Родители на деца со пречки во развојот
– Родители на 3 и повеќе деца
– Родители на деца на улица
Работните позиции што се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на:
– За работно место ОБРАЗОВЕН АСИСТЕНТ во времетраење од 9 месеци, потребни квалификации: (дипл. дефектолог, дипл. психолог, дипл. педагог или пак завршено високо образование со положени педагошки предмети),
– За работно место ПОМАГАТЕЛ НА СТАРИ ЛИЦА во времетраење од 7 месеци потребни квалификации: завршено средно образование.