Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Уапсен осомничен за нападот врз лидерот на еврејската заедница во Грац

Уапсен осомничен за нападот врз лидерот на еврејската заедница во Грац
300x250 opst2

Австриските власти велат дека уапсиле еден осомничен за нападот врз лидерот на еврејската заедница во Грац, вториот по големина град во земјата, пренесува „Еј-би-си њуз“.

Лидерот на заедницата, Ели Розен, во саботата попладнето видел како еден човек фрла камења во дворот на синагогата. Полицијата соопшти дека тој разговарал со човекот, кој потоа го нападнал со дрвен предмет – веројатно бејзбол-палка.

Розен бил во својот автомобил во тој момент и не бил повреден, а напаѓачот избегал.

Министерот за внатрешни работи на Австрија, Карл Нехамер, во неделата вечерта твитна дека осомничениот напаѓач бил уапсен во Грац, без да даде дополнителни детали за човекот.

Инцидентот предизвика масовна осуда. Канцеларот Себастијан Курц изјави во саботата дека е потресен од нападот ветувајќи дека ќе стори сè што е потребно за сторителот бргу да се изнесе пред судот и да ја осигури безбедноста на еврејската заедница.

Светскиот еврејски конгрес исто така го осуди нападот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Хорор во Шведска: 14 годишно момче рани шест лица

Хамас се согласи да ги ослободи сите израелски заложници согласно планот на Трамп

Уапсен руски милијардер поради серија убиства