Утрински Весник
Свет

Франција протерува семејство од БиХ, ја претепале својата ќерка затоа што се заљубила во Србин

Франција протерува семејство од БиХ, ја претепале својата ќерка затоа што се заљубила во Србин
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Властите во Франција ќе протераат семејство од БиХ кое ја малтретирало својата ќерка бидејќи била во врска со момче по потекло од Србија, најави францускиот министер за внатрешни работи, Жералд Дарманен.

„Штом заврши судската постапка, тие ќе бидат однесени на границата затоа што нема што да бараат на француско тло“, напиша Дарманен на „Твитер“.

Седумнаесетгодишно девојче од исламска религија, со потекло од Босна и Херцеговина, било претепано од нејзиното семејство откако дознале дека е во врска со момче, христијанин од Србија, објавија француските медиуми, пренесува РТС.

Родителите на девојчето, заедно со нејзините вујко и тетин, ја тепале по лицето и телото, а потоа и ја избричиле главата.

Нејзините родители, вујкото и тетинот се ставени под судски надзор и чекаат судење во Безансон за насилство врз малолетничка во присуство на други лица.

Тие биле приведени од полицијата, која за инцидентот била известена од момчето на тинејџерката, која сега е под судска заштита.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Кирибати прва ја дочека 2026 година

САД ангажираат 400 адвокати за проверка на пет милиони страници од досиејата на Епстин

Иран со остра порака до САД и Израел по заканите на Трамп