Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука цените на бензините и дизелот да останат исти согласно одлуката од 17.8.2020 година, додека намалување ќе има на малопродажнaта цена на Мазутот М-1 НС за 0,323% и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 0,97%.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менуваат и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 59,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 61,50 ден/лит и малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 52,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалува за 0,50 ден/лит, и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 51,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,085 ден/кг и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 26,280 ден/кг.