Утрински Весник
Свет

Србија е подготвена за „конструктивни разговори“ со Косово

Србија е подготвена за „конструктивни разговори“ со Косово

Српскиот претседател Александар Вучиќ во септември ќе се сретне со косовскиот премиер Авдулах Хоти во Вашингтон за конструктивен разговор, пренесува „Анадолија“.

Забелешките на Марко Ѓуриќ, директор на Канцеларијата за Косово, доаѓаат два дена по најавата на Вучиќ за средбата со косовскиот премиер во Белата куќа на 3 и 4 септември.

„ Намерата на домаќините да се фокусираат на економијата се совпаѓа со нашиот став дека за заеднички развој во целиот регион се потребни слободен проток на луѓе, капитал, стоки и услуги, отстранување на бариерите и подобри економски врски “, рече Ѓуриќ.

Советникот за национална безбедност на САД, Роберт О’Брајан ќе биде домаќин на разговорите заедно со специјалниот претставник на САД за преговорите на Србија и Косово, Ричард Гренел.

Косово прогласи независност од Србија во 2008 година, а повеќето земји-членки на ОН го признаа како автономна земја. Белград сепак тврди дека станува збор за отцепена покраина.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Драма на аеродромот во Анталија, авион се запали – евакуирани 79 патници

Сибиха бара партнерите да и обезбедат на Украина системи за пресретнување на ракетите Орешник

Будистички манастир под истрага: 41 тело откриено во Тајланд