Утрински Весник
Свет

Болсонаро до новинар: Сега ќе те удрам по глава

Болсонаро нападна телевизиска мрежа која го обвини за големата смртност во земјата

Претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро потврди дека вчера сакал да удри по глава еден новинар.

Инаку, новинарот го прашал што знае за уплатата која ја извршил поранешниот соработник на неговиот син, на сметката на неговата сопруга, Мишел Болсонаро.

„Сега ќе те удрам по глава, ок?“ одговори десничарскиот претседател на новинарот од весникот „О Глобо“, пренесе Ројтерс.

На почетокот на август, бразилските медиуми пренесоа дека Фабрисио Кејроз, поранешен соработник на сенаторот Флавио Болсонаро – син на претседателот Жаир, уплатил 72 илјади реали или речиси 13 илјади долари на сметка на сопругата на претседателот.

Кејроз е уапсен и против него се води истрага за проневера на околу 1,2 милиони реали или 213.500 американски долари.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Зеленски верува дека војната ќе заврши во 2025 година

Путин потпиша закон за отпис на кредитни долгови за учесниците во специјалната воена операција

33.000 домаќинства во Франција останаа без струја поради невреме