Утрински Весник
Магазин

Тејлор Свифт остана на врвот на „Билборд 200“ четврта последователна недела

Тејлор Свифт остана на врвот на „Билборд 200“ четврта последователна недела

Во неделата, 10-кратната добитничка на „Греми“ Тејлор Свифт можеше да го прослави фактот дека нејзиниот осми студиски албум, „Фолклор“, поминува веќе четири недели на првото место на американската топ листа „Билборд 200“.

30-годишната поп дива бележи огромен успех имајќи предвид дека ова е прв пат албум на жена-изведувач да остане број 1 во првите четири недели, по речиси пет години од албумот „25“ на Адел чија песна Hello ги сруши рекордите на слушаност со 90 милиони прегледи на Јутјуб во првите пет дена.

Осмиот студиски албум на американската пејачка-текстописец, кој го објави на 24 јули, сруши неколку рекорди на топ листите во првата недела од објавувањето.

Тејлор изјави дека го напишала и снимила албумот додека била во самоизолација, соработувајќи на дистанца со неколку музички ѕвезди. На новиот албум, една од најголемите поп-ѕвезди на денешницата ја смени својата музика, давајќи инди звук.

На „Спотифај“, албумот имаше 80.6 милиони прегледи во еден ден, што е највисока бројка за женски музичар. Во САД се продадоа 846.000 копии , и со тоа стана најдобро продаден албум во првите седум дена.
„Фолклор“ одлично се продава и во Велика Британија, Финска, Австралија, Норвешка, Нов Зеланд и во Белгија.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста