Утрински Весник
Македонија

Обвинение за скопјанец кој бил фатен при кражба на телевизори од угостителски објект

Обвинение за скопјанец кој бил фатен при кражба на телевизори од угостителски објект

Скопското основно јавно обвинителство поднесе обвинение против 35-годишен скопјанец кој се товари за кривично дело – разбојничка кражба.

Обвинетиот кривичното дело го извршил на 29 јули, во угостителски објект на улица „С. Георг – Шнајдерот“, кога затечен во кражба употребил сила и нападнал двајца оштетени – татко и ќерка.

Тој преку прозорец влегол во угостителски објект и одзел три телевизори во вкупна вредност од 105.000 денари. Но, притоа бил затекнат од оштетениот и неговата ќерка, кои се обиделе да повикаат полиција.

Во тој момент, обвинетиот ја удрил оштетената со тупаница во пределот на главата, ја турнал и се обидел да го удри нејзиниот татко, кој го одбил ударот со рака.

Обвинетиот се обидел да избега од местото на настанот со својот мотор со приколка, но оштетениот и случаен минувач успеале да го задржат. За тоа време, оштетената настанот го пријавила во блиската полициска станица.

Заедно со поднесеното обвинение, јавниот обвинител кој постапува во предметот до Судот достави и предлог за продолжување на определената мерка притвор за обвинетото лице.

 

*Фотографијата е илустрација, а не од конкретниот случај

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме