Утрински Весник
Спорт

Сато победи на Инди 500, Алонсо заврши на 21 место

Сато победи на Инди 500, Алонсо заврши на 21 место

Јапонецот Такума Сато победи на легендарната трка Индијанаполис 500. Шпанецот Фернандо Алонсо заврши на 21 место, зад победникот заостана еден круг.

Сато, во драматичен финиш победи на трката. Тој во целта беше побрз за 57 илјадити делови од секундата од Скот Диксон.

Поранешниот пилот во Формула 1 ја забележа својата втора победа на Индијанаполис 500, претходно триумфираше во 2017 година.

Трет трката ја заврши Грем Рахал, а зад него беа Сантино Феручи и Џозеф Њугарден.

Фернандо Алонсо не успеа да направи хет-трик во мотоспортот, Шпанецот кој има победи во Монте Карло и Ле Ман, во Индијанаполис со својот Ероу Мекларен заврши на 21 место.

> Сато победи на Инди 500, Алонсо заврши на 21 место <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Ѓоковиќ рутински се пласираше во четвртфиналето на Олимписките игри

Француската триатлонка Богран го освои златото на Олимписките игри

Надал и Алкараз се пласираа во четвртфиналето во двојки на олимпискиот тениски турнир