Утрински Весник
Спорт

Барса не треба да плаќа за титулата што ја освои Кутињо

Барса не треба да плаќа за титулата што ја освои Кутињо

Барселона сепак нема да му плати на Ливерпул 5.000.000 фунти бидејќи Фелипе Кутињо ја освои титулата во Лигата на шампионите. Бразилецот оваа сезона во Минхен ја мина како позајмен играч на Барселона. Тој постигна два гола против својот клуб во полу-финалето кога Баерн славеа со 8:2, а во финалето одигра 20 минути.

По дебаклот на Барселона многу медиуми шпекулираа дека доколку Баерн стане европски првак клубот ќе мора на Ливерпул да му плати одреден паричен износ, бидејќи во договорот на Кутињо постоела таква клаузула.

„Liverpool Echo“ кој секогаш има веродостојни информации за она што се случува во фудбалскиот клуб Ливерпул открива дека таква клаузула не постои во договорот кој Кутињо со Барселона го потпиша во јануари 2018 година.

Според овој извор Барселона за трансферот на Кутињо во јануари 2018 година платиле 106 милиони фунти, а досега со исполнувањето на бонусите Ливерпул добиле уште 36 милиони фунти. За да ја доби

> Барса не треба да плаќа за титулата што ја освои Кутињо <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Манчестер сити на домашен терен прегазен од Тотенхем

Енди Мареј е нов тренер на Новак Ѓоковиќ

Чоло утре ќе влезе во историјата на Ла Лига