Утрински Весник
Свет

Тихановскаја очекува наскоро да започнат преговори со Лукашенко

Главната противничка на Лукашенко ја напушти земјата

Кандидатката на опозицијата на неодамнешните претседателски избори во Белорусија, Светлана Тихановскаја изјави дека очекува наскоро да започне дијалогот со властите на претседателот Александар Лукашенко, пренесува полскиот весник „Газета Виборча“.

Белорусија се соочува со најголемиот предизвик по напуштањето на Советскиот сојуз, затоа што десетици илјади незадоволни граѓани протестираат секој ден и ја отфрлаат победата на Лукашенко на претседателските избори што се одржаа на 9 август, пренесува „Ројтерс“.

Додека опозицијата бара преговори за трансфер на власта, белоруските државни власти подигаат обвиненија против демонстрантите во обид да ја зацврстат својата позиција.

Тихановскаја изјави дека нема повторно да се кандидира во случај на распишување на нови избори, но не исклучува дека нејзиниот сопруг ќе се кандидира.

„Премногу е рано да се зборува за тоа. Примарната цел се нови избори“, рече таа.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Големиот пожар во пристаништето во Хамбург е изгаснат

Главните автопатишта во Израел се затворени поради протести со кои се бара прекин на војната во Газа

Побогат од било кога: Како Трамп заработува од Белата куќа