Утрински Весник
Свет

Пожари во Калифорнија: евакуирани 250.000 луѓе, објавени сателитски снимки

Пожари во Калифорнија: евакуирани 250.000 луѓе, објавени сателитски снимки

Три масивни шумски пожари беснеат во северна Калифорнија. Пожарникарите се обидуваат да го спречат ширењето на огнот, а речиси четврт милион луѓе се во процес на евакуација.

Безживотното тело на 70-годишен маж чие исчезнување беше пријавено претходно минатата недела беше пронајдено во планините на Санта Круз, јужно од Сан Франциско, пренесе АП.

„Ова е еден од најтемните периоди низ кои минуваме“, рече заменик-шерифот на Санта Крус, Крис Кларк.

70-годишниот маж е седма жртва на повеќе од 650 пожари во Калифорнија за само една недела.

На теренот има 14.000 пожарникари, 2.400 противпожарни возила и 95 авиони канадери, кои постојано се борат со огнената стихија.

Според надлежните, сите пожари избувнале по ударот на гром, кои ги имало околу 12 илјади од 15 август.

Условите се погодни за понатамошно ширење на пожарот затоа што температурите се високи, влажноста е мала, грмотевиците се чести, а ветерот достигнува брзина и до 65 милји на час (околу 105 километри на час).

„Создадени се предуслови за ситуацијата тука да биде пеколна“, предупреди Марк Брунтон, командант на противпожарната бригада во Калифорнија.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Украина ги добила првите борбени авиони Ф-16 кои ги бараше со месеци, тврдат американски претставници

САД: Тројца обвинети за терористичките напади на 11 септември 2001. признаа вина и избегнаа смртна казна

СБ на ОН повика на зголемени дипломатски напори по атентатот на лидерите на Хамас и Хезболах