Утрински Весник
Свет

Јужнокорејски дипломат: Ким е во кома и неговата сестра ја презема контролата

Јужнокорејски дипломат: Ким е во кома и неговата сестра ја презема контролата

Медиуми како „Дејли мејл“, „Мирор“ и „Њујорк пост“ ја пренесоа изјавата на јужнокорејскиот дипломат, кој тврди дека Ким Џонг-ун е во кома и дека неговата сестра ја презела контролата врз Северна Кореја.

Чанг Сонг-мин, поранешен помошник на починатиот претседател на Јужна Кореја, Ким Дае  Јунг, тврди дека се крие вистината за влошената здравствена состојба на владетелот на Северна Кореја и дека, колку што разбира, тој е во кома.

Шпекулациите за вистинското здравје на Ким растат како резултат на неговото отсуство на јавни настапи оваа година.

Говорејќи за локалните медиуми, Чанг Сонг-мин рече: „Јас проценувам дека тој е во кома, но тој е жив“, пренесуваат медиумите.

Тој додаде дека сестрата на Ким Џонг-ун, Ким Jо-џонг (33) е во позиција да ги преземе некои од овластувањата на нејзиниот брат.

Минатата недела медиумите објавија дека Ким Џонг-ун и дал поголеми овластувања на својата сестра и дека сега таа е одговорна за севернокорејската политика спрема САД и Јужна Кореја.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Украина им дозволи на мажите на возраст од 18 до 22 години да ја напуштат земјата за првпат од почетокот на војната

Трамп најави дека ќе воведе смртна казна за секое убиство во Вашингтон

НАТО распореди германски борбени авиони поради руско присуство во Балтичкото Море