Човекот кој во Крајстчрч, во Нов Зеланд, на 15 март минатата година уби 51 лице во две џамии, исто така планирал и трет напад.
Овој податокот е откриен за време на судењето на Брентон Терант.
Тој исто така планирал да ги запали џамиите, со цел да предизвика што е можно повеќе смртни случаи, пренесува Би-би-си.
Терант се изјасни за виновен по 51. точка од обвинението за убиство, 40 точки за обид за убиство и една точка за тероризам.
Дваесет и деветгодишниот Тарант се соочува со доживотен затвор без можност за условна казна, а таква казна никогаш досега не била изречена во Нов Зеланд.
Терант сними и емитуваше дел од нападот врз џамиите во живо, преку социјалните мрежи.