Утрински Весник
Свет

(Видео) Терористот од Крајстчрч може да добие казна која се уште не е изречена на Нов Зеланд

(Видео) Терористот од Крајстчрч може да добие казна која се уште не е изречена на Нов Зеланд

Брентон Тарант, кој минатата година уби 51 човек од мусламинаска вероисповед на Нов Зеланд пристигна во Крајстчрч на рочиштето за изрекување казна.

Од затворот во Оукленд тој е пренесен со авион на аеродромот во Крајстчрч, носејќи заштитен елек и кацига во придружна на вооружени полицајци, пред да биде пренесен во комбе.

Тарант се изјасни за виновен по 51 точка од обвинението за убиство, 40 точки за обид за убиство и по една точка за терористички чин.

Судот во Крајстчрч денеска ќе започне со повеќедневно рочиште за време на кое преживеаните и членови на семејствата на жртвите, ќе даваат изјави. Тарант ќе биде осуден откако ќе му биде овозможено да даде изјава.

Пресудата за убиство на Нов Зеланд обично повлекува доживотна казна затвор. Судијата може да досуди казна доживотен затвор без можност за ослободување, која никогаш не е изречена на Нов Зеланд, пренесе Ројтерс.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Зеленски верува дека војната ќе заврши во 2025 година

Путин потпиша закон за отпис на кредитни долгови за учесниците во специјалната воена операција

33.000 домаќинства во Франција останаа без струја поради невреме