На Антонио Конте очигледно не му е годината. По поразот од Севилја во финалето на Лига Европа, од Италија доаѓаат вести дека тренерот на Интер бил жртва на финансиска измама тешка 30 милиони евра.
Според весникот „Ла верита“, Конте повеќе месеци се обидува да си ги врати 30-те милиони евра кои му биле извлечени со измама преку италијанскиот промотер и брокер, Масимо Бокичио, чиј советник бил братот на Конте. Бокичио, кој претходно работел за големата банка „ХБСЦ“, преку неговата компанија „Кидман“ на Конте и на други инвеститори им ветувал огромна заработувачка.
Кога парите не пристигнале на 30 јуни според договорот, Конте се обидел да стапи во контакт со него, но се покажало дека тој има лажна електронска пошта, иако ги убедувал дека зад проектот стои „ХБСЦ“.
Случајот завршил пред Високиот суд во Лондон, и засега сите приходи на брокерот се блокирани (околу 60 милиони евра), така што Конте чека да му се вратат неговите 30.6 милиони евра.
Оваа мака на Конте му доаѓа како „бонус“, бидејќи веќе во вторник го очекува состанок со претседателот на Интер, Стивен Жанг, на кој се очекува да си замине од тренерската позиција во Интер поради недоволната поддршка која ја добива од клубот.
Conte vittima di una truffa finanziaria (insieme ad altri vip) da 30 milioni a Londra https://t.co/1rlZpaxKCq
— Corriere della Sera (@Corriere) August 23, 2020
> Од лошо во полошо – Конте жртва на финансиска измама тешка 30 милиони евра! <