Утрински Весник
Свет

Во Албанија 19 отсто од тестираните, а во Косово 24 се позитивни на коронавирус за еден ден

СЗО: Зголемување на стапката на инфекција во светот

Висок е процентот на новозаразени во Албанија и Косово, во споредба со направениот број на тестирања за едно деноноќие.

Во Косово позитивни се 24 отсто од тестираните

Во Косово во текот на вчерашниот ден регитрирани се нови 111 заразени од 448 извштени тестирања, што е околу 24,7 проценти од тестираните.

Вкупната бројка на заболени од Ковид-19 од почетокот на епидемијата достигна до 12.448.

Во изминатите 24 часа починаа десетмина заболени од Ковид-19, со што бројот на жртви од епидемијата на новиот коронавирус достигна 467 лица.

Вчера во Косово позитивни беа 25 проценти од тестираните.

Во Албанија заразени се 19,3 проценти од тестираните во изминатото деноноќие

Во Албанија во изминатите 24 часа позитивни се 152 лица од 785 тестирани случаи, што е 19,3 проценти од тестираните. Вкупната бројка на заразени од почетокот на пандемијата се зголеми на 8.427 лица од вкупно тестираните 56.057, а починале 250 лица досега.

Високата бројка на новозаразени со Ковид-19 во Албанија во континуитет е присутна во овој месец, со оглед што дневно се регистрираат по најмалку 150 случаи.

Македонското министерство за здравство претходно денеска објави за 137 новозаразени од 1.414 тестирања, што е 9,6 проценти од тестираните.

Во Бугарија и Србија процентот на новозаразени денеска е помал.

Во Бугарија денеска 2,8 отсто од тестираните се позитивни на вирусот

96 лица се позитивни на Ковид-19 во последните 24 часа во Бугарија од направени 3.402 тестови. Тоа е 2,8 отсто.

Во Бугарија за 24 часа починале шест лица.

Србија со 109 новозаразени, 1 отсто од тестираните во изимнатото деноноќие

Во Србија бројот на новозаразени во однос на тестираните е околу 1 отсто. Така, во последните 24 часа починале три лица а регистрирани се уште 109 нови случаи на заразени со вирусот. Во последните 24 часа на коронавирус во таа земја биле тестирани 6.939 лица.

Вкупно во Србија се направени 869.668 тестови.

Вкупниот број на починати од Ковид-19 изнесува 698 лица.

 

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Полска одбележува 80 години од Варшавското востание

Едногодишно бебе ставило ТВ-кабел во уста, доживеало струен удар: Родителите во шок

Техеран: Ајатолахот Хамнеи одржа погребна молитва за лидерот на „Хамас“ Исмаил Ханија