Утрински Весник
Свет

Почина најстариот човек на светот

Почина најстариот човек на светот

Фреди Блом од Јужноафриканската Репубика, за кој се веруваше дека е најстариот човек на светот, почина денеска на 116 годишна возраст.

Документите на Блом покажуваат дека тој е роден во покраината Источен Кејп во мај 1904 година, но Гинисовата книга на рекорди никогаш не го означи како најстар човек на светот.

Кога бил тинејџер, целото негово семејство починало како резултат на пандемијата на шпански грип во 1918 година. Преживеал две светски војни и апартхејдот.

Семејството на Блом изјави дека тој починал од природна смрт.Тие не веруваат дека неговата смрт е поврзана со коронавирусот.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Во Израел повредени над 190 лица по вчерашните ирански напади

Иран: САД нè нападнаа, преговорите повеќе не се опција

Иран до Трамп: Ние ќе одлучиме кога ќе заврши војната