Утрински Весник
Свет

Антисемитски напад во Австрија – маж претепан со бејзбол палка

Антисемитски напад во Австрија – маж претепан со бејзбол палка
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Претседателот на еврејската заедница во Грац, Ели Розен, беше нападнат во саботата навечер пред синагогa. Тој бил нападнат од непознато лице со бејзбол палка. На нападот му претходело сквернавење на синагогата со пропалестински пароли, а биле искршени и прозорците.

„Имав посетител од Виена со кого отидов во синагогата за да земам нешто од канцеларијата. Забележавме еден човек, кој се возеше на велосипед покрај зградата и држеше камен во раката. Го прашавме што има намера да направи, а потоа тој одеднаш зеде палка за бејзбол и тргна кон нас“, рече Розен.

Тој и неговиот пријател успеале да избегаат во автомобилот, а напаѓачот со стап удрил во прозорците на автомобилот.

„За среќа, стаклото не се скрши. Дури кога помина еден слушаен минувач, напаѓачот избега“, додаде Розен.

За него, овој напад е нов удар за еврејската заедница по 1945 година. Тој рече дека вакви настани не се случиле од ноември 1938 година.

Грац е на врвот на листата во однос на бројот на антисемитски испади и напади.

Австрискиот канцелар Себастијан Курц побара напаѓачот да биде пронајден и изведен пред лицето на правдата што е можно поскоро.

„За антисемитизмот нема место во Австрија“, рече Курц преку Твитер.

Претседателот на Австрија, Александар ван дер Белен, исто така посочува дека нема место за антисемитизам во австриското општество и изрази солидарност со Евреите во земјата.

Поради тековните настани, министерот за внатрешни работи, Карл Нехамер, најави зголемен надзор на сите еврејски институции во Австрија.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Кирибати прва ја дочека 2026 година

САД ангажираат 400 адвокати за проверка на пет милиони страници од досиејата на Епстин

Иран со остра порака до САД и Израел по заканите на Трамп