Утрински Весник
Спорт

Џеко поради сопругата ги одбил Јувентус и Интер

Џеко поради сопругата ги одбил Јувентус и Интер

Един Џеко ќе остане во Рома, иако новиот тренер на Јувентус Андреа Пирло инсистира на неговиот трансфер. Покрај Јувентус и Интер покажаа интерес за репрезентативецот на Босна и Херцеговина.

Како што пренесе „Кориере дело Спорт“, Џеко имал две причини да остане во Рим. Неговата сопруга била против трансфер во Јуве или Интер бидејќи е бремена и не сакала да се сели, а вториот е тој што во Рома има загарантирано место во првиот тим што не би бил случај во Јувентус или Интер.

> Џеко поради сопругата ги одбил Јувентус и Интер <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Победа за Мерцедес на отворањето на новата сезона во Формула 1

Рекордна победа на Словенката Превц во скијачки скокови

Неизвесно одржувањето на две трки во Ф1