Куманово и Гостивар се на листата на заразени со ковид-19 зад Скопје и веќе имаат по повеќе од 300 активни случаи.
Според податоците на Министерството за здравство, од вкупно 2.843 заразени лица низ целата територија, 829 се од Скопје, 317 од Куманово и 310 од Гостивар.
И денеска овие три града имаа најмногу новозаразени во изминатото деноноќие. За 24 часа, во Скопје биле регистрирани 32 новозаразени, Куманово-25 и Гостивар-22.
Доколку се погледнат статистиките од изминатите 7 дена, може да се забележи пораст на случаите со новозаразени во Куманово и Гостивар. Имено, во Куманово само оваа недела се заразиле 126 лица, а во Гостивар од минатата сабота до денес, заразени се 99 лица.
Според дневните извештаи, во Куманово изминатата недела оздравеле 46 лица, а во Гостивар – 52, додека во двата града за една недела починале 3 лица.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13458, бројката на оздравени пациенти е 10.052, на починати е 563.