Во последните 24 часа, во Србија се регистрирани уште 170 случаи на коронавирус, а тестирани се 8.670 лица.
Три лица починале како резултат на коронавирусот, а во Србија досега починале 695 лица. Стапката на морталитет е 2.28.
Според последните податоци на Министерството за здравство, во болниците во Србија има 46 пациенти на респиратор, што е за шест помалку од вчера.
Во моментов хоспитализитани се 1.116 пациенти.
Вкупниот број на регистрирани случаи е 30.548 лица. Од почетокот на епидемијата се тестирани над 862.729 лица во Србија.