Утрински Весник
Свет

(Видео) Навални префрлен во Германија на натамошно лекување

Руските лекари демантираат дека Навални е отруен
Dik 300x250 mk

Авионот во кој се наоѓа рускиот опозиционер Алексеј Навални, полетал од Омск за Берлин.

Како што јавуваат руските медиуми, тим на лекари го пренеле Навални од болницата на аеродромот во Омск, во придружба на полицијата.

Одлуката е донесена откако сопругата на Навални побарала од рускиот претседател Владимир Путин да го одобри неговиот трансфер на клиника во Германија.

Според последните информации, состојбата на Навални е стабилна и тој е надвор од опасност.

Лидерот на опозицијата Алексеј Навални беше хоспитализиран откако му се слошило на летот од Томск за Москва, па авионот итно слетал во Омск. Неговата портпаролка Кира Јармиш изјавила дека се сомнева дека Навални е отруен, но токсиколошките анализи не откриле никакви траги на труење во неговата крв или урина.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Зеленски: Мора да извршиме заеднички притисок врз Путин за да ја запре војната 

Новиот пакет санкции кон Русија вклучува 69 листи на индивидуални и економски рестриктивни мерки

Северна Кореја тестираше нови суперсонични ракети