Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Властите во Марсеј се откажаа од забраната на дресови на ПСЖ

Властите во Марсеј се откажаа од забраната на дресови на ПСЖ
300x250 opst2

Полицијата во Марсеј потврди дека ја повлекле контроверзната одлука со која забранија носење на дресови на Пари Сен-Жермен во центарот на градот во недела, кога лутиот ривал ПСЖ го игра финалето од ЛШ против Барен Минхен.

Марсеј, засега, се единствениот француски клуб кој успеал да освои европска круна, откако претходно Ремс, Сент-Етјен и Монако губеа во финалињата. Во градот на југот на Франција се горди на титулата од 1993 година и многу од жителите на Марсеј не сакаат ПСЖ да го израмнат нивното остварување.

Откако во вторникот имаше инциденти предизвикани од навивачите на Марсеј во центарот на градот, кои се закануваа на неколкумината кои ги најдоа со дресови на ПСЖ, во четвртокот беше објавено дека нема да се дозволи носење на дресови на парискиот клуб, пред полицијата да се предомисли.

„Единствена цел на овој декрет беше да се заштитат навивачите на Париз, а не да се ограничи правото на слободно движење. Поради забуните кои се случија, полицијата реши да го повлече предлогот. Во недела ќе има посебни полициски сили во центарот на градот кои ќе се обидат да ги спречат сите проблеми, без исклучок“, се вели во објавата.

Во Марсеј забранија носење на дресови на ПСЖ во недела!

> Властите во Марсеј се откажаа од забраната на дресови на ПСЖ <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН

На Матка ќе се одржат две кола од Светскиот куп во кајак на диви води

Распродадени билетите за македонските фанови за дуелот со Белгија во Гент