Утрински Весник
Македонија

Пендаровски и началникот на холанските вооружени сили разговараа за одбранбената соработка

Пендаровски и началникот на холанските вооружени сили разговараа за одбранбената соработка

Претседателот Стево Пендаровски попладнево во Вила Билјана во Охрид го прими началникот на Генералштабот на вооружените сили на Кралството Холандија, адмирал Роберт Бауер, кој престојува во официјална посета на земјава.

На средбата се разговараше за процесите на трансформација на Армијата на Република Северна Македонија, учеството во меѓународни операции и вежби, како и нејзиниот придонес во справувањето со пандемијата предизвикана од корона вирусот и со мигрантската криза.

Соговорниците разменија мислења за соработката меѓу Северна Македонија и Холандија, при што констатираа дека членството во НАТО отвара нови можности за интензивирањето на воената и одбранбената соработка меѓу двете земји.

Претседателот Пендаровски истакна дека Северна Македонија ќе продолжи да ги зајакнува односите со Холандија и во таа насока се заблагодари за долгогодишната отворена поддршка во помагање на македонското општество во реформите потребни за успешно заокружување на членството во НАТО и за преговорите за членство во ЕУ, се вели во соопштението.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

(Видео) Приведени четири лица по нарушување на јавниот ред и мир во Кочани

Ангелов: Монтажен базен поставен до пожарот кај Драгов Дол, хеликоптерот сега носи по еден тон вода на секои 3–4 минути

Ја принудувал сопругата на сексуални односи и вршел физичко малтретирање врз неа и нивните деца, уапсен 45-годишен гостиварец