Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Отворена истрага за скопјанец кој без дозвола поседувал оружје

Во домот на 22-годишен скопјанец пронајден арсенал оружје и муниција
300x250 opst2

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен скопјанец за недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик.

Пронаоѓањето на оружјето следело откако осомниченот бил лишен од слобода од полициски службеници поради нарушување на јавниот ред и мир. Притоа, тој започнал вербално да се заканува дека ќе употреби огнено оружје. Оружјето, пиштол марка ZORAKI M 906-B и 30 куршуми, кои осомниченото лице ги поседувало без дозвола, при извршен претрес биле пронајдени во помошни простории во домот кадешто тој живеел со своите родители.

Заради обезбедување на непречено водење на кривичната постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување на мерка притвор за осомничениот. Судот со решение на осомничениот му определи мерки на претпазливост и тоа забрана за напуштање на живеалиште односно престојувалиште, задолжително јавување пред надлежен орган и привремено одземање на патна исправа.​

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Виктор Спасески победник на „Поетски слем Македонија“

ОЈО Скопје поведе постапка за криумчарење луксузни автомобили во државава

Се запали кола на плин во населбата Горно Оризари во Битола