Утрински Весник
Спорт

Крај на една славна приказна – Вилијамс продаден на американски инвеститори

Крај на една славна приказна – Вилијамс продаден на американски инвеститори

Вилијамс Ф1, формула 1 тимот основан од двајца техничари кои сега имаат титула Сер, Френк Вилијамс и Патрик Хед пред 43 години, веќе не е во рацете на семејството Вилијамс, откако американската компанија „Дорлитон капитал“ го откупиле тимот за 152 милиони евра.

Седумкратните светски шампиони, кои доминираа во спортот во 1980-тите и 1990-тите и имаат вкупно 114 ГП победи, во последно време се најдоа во незавидна состојба, посебно по огромниот раст на трошоците во спортот во 21. век.

Катастрофалниот дизајн на болидот на 2018 го прати тимот на последното место, каде што остана и во текот на сезоната 2019. Во декември тие го продадоа одделот за напреден инженеринг, а во април мораа да ги стават под залог своите историски болиди за да добијат кредит од банката ХБСЦ и од бизнисменот Мајкл Латифи, таткото на нивниот возач Николас Латифи. По ова на крајот на мај тимот потврди дека е на продажба.

Сега, тимот основан во 1977 година е продаден на „Дорлитон капитал“, компанија од Њујорк, и компанијата тврди дека ќе го заддржи името на својот основач, Френк Вилијамс, кој иако се повлече од спортот во 2013 предавајќи го местото на неговата ќерка Клер, имаше 52 отсто од акциите на тимот.

Возачите Џорџ Расел и Николас Латифи имаат договори само за оваа сезона, но Вилијамс има договор за партнерство и снабдување со мотори со Мерцедес до 2025 година.

> Крај на една славна приказна – Вилијамс продаден на американски инвеститори <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност