Утрински Весник
Македонија

Пронајдени 11 рачни бомби на депонија кај Арачиново

Пронајдени 11 рачни бомби на депонија кај Арачиново

Вчера во 18.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 18.00 часот, додека се истоварал смет во депонијата, која се наоѓа на излез од селото Арачиново, на регионалниот пат Скопје-Куманово, во сметот биле забележани предмети кои личат на експлозивни средства.

На местото на настанот излегле полициски службеници и од депонијата се подигнати 11 рачни бомби без запалки. Се работи на расчистување на случајот, соопшти полицијата.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

ДИК: Радически освои 2.943 гласа во Брвеница, излезеноста 46,56 отсто

ВМРО-ДПМНЕ со најмногу гласови во Брвеница – Радичевски освои 2.943 гласа

Мицкоски: СДСМ во Брвеница е декласиран од граѓаните