Утрински Весник
Свет

Tрет ден по ред, рекорден број новозаразени во Хрватска

Tрет ден по ред, рекорден број новозаразени во Хрватска

Штабот за цивилна заштита на Република Хрватска на прес-конференција објави дека 265 лица се заразени со коронавирус во последните 24 часа, а едно лице починало.

На 179. ден од појавувањето на коронавирусот во Хрватска се откриени се 265 новозаразени лица, при што во последните 24 часа се извршени 1.647 тестирања, соопшти штабот.

Во моментов, 6.446 лица се во изолација.

Во изминатите 24 часа хоспитализирани се 11 лица, а  вкупно ги има 135,  од кои 12 се на респиратор.

Во Хрватска има 1.842 активни случаи на коронавирус.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Речиси две третини од Полјаците се против испраќањето војници во Украина

Во Англија се урна хеликоптер

Во израелските воздушни напади врз Газа загинаа најмалку 15 луѓе, меѓу кои и четворица новинари