Дали 20-годишниот брак на Мајкл Даглас и Кетрин Зета-Џонс се дели на 350 милиони парчиња како што тврди еден таблоид? Како и за сите други преходни медиумски шпекулации за наводна разделба на холивудската двојка, порталот „Госип коп“ тврди дека може официјално да ја разбие оваа приказна.
Списанието New Idea Magazine објави дека е направен договор за скап развод вреден 350 милиони долари. Неименуван „долгогодишен пријател“ за магазинот изјавил дека „нивниот брак е завршен“.
Таблоидот понатаму коментираше дека смртта на 103-годишниот татко на Мајкл, Кирк Даглас, го ставила разводот на маса бидејќи тој помагал парот да ги преброди претходните драми, но сега свекорот не е тука за да ја смири топката. „Кетрин сега е свесна дека колку се постари таа и Мајкл, толку станува поголема разликата во возраста“, порталот го цитира таблоидот кој ја објави веста и додава: „Нивната разлика во години е 25 и тие секогаш ќе бидат возрасно оддалечени 25 години, ниту еден ден повеќе или помалку од тоа“.
И приказната продолжува да тврди дека Кетрин го насочува својот фокус подалеку од семејството, на промоција на нејзиниот нов лајфстајл-бренд, „Каза Зета-Џонс“. Пријателите рекле дека бизнис-проектот на Кетрин не била идеја што дошла преку ноќ, туку дека таа пронашла излез од нејзиниот брак.
Ова нејасно користење на терминот „пријатели“ не го крие фактот дека Кетрин глуми во филмови и е во брак веќе децении, пишува „Госип коп“. „Зошто овој проект би се разликувал од десетиците филмови и ТВ-емисии во кои Мајкл и Кетрин глумеа додека се во брак? Нема да дојдете до дваесет и плус години брак, без да постигнете баланс помеѓу работата и приватниот живот.“
„Како и со сите претходни медиумски шпекулации за Мајкл и Кетрин, така и оваа приказна е лажна. Краток поглед на инстаграм-страницата на кој било од нив двајцата ќе ви покаже прилично нови фотографии од парот, среќни заедно. Да, Зета-Џонс започнува лајфстајл-бренд со назив ‘Каза Зета Џонс’, сепак, таа не е, како што тврди овој таканаречен анонимен ‘долгогодишен пријател’, ‘осамена како пекол’“, шишува „Госип коп“ и на крајот додава дека исконтактирале со портпаролот на Кетрин Зета-Џонс кој приказната ја нарекол смешна и лажна.