Утрински Весник
Македонија

Триесетдневен притвор за крушевчанецот кој од банка украде над милион денари

Триесетдневен притвор за крушевчанецот кој од банка украде над милион денари

Прилепското основно јавно обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка против 51-годишен жител на Крушево, поради сомнение дека сторил кривичното дело, разбојништво.

Осомничениот на 19 август, околу 15.00 часот, се маскирал со црна маска, темни очила и сива капа на главата по што влегол во експозитурата на „Уни Банка“ во Крушево каде го извршил кривичното дело.

Со употреба на сила и закана со огнено оружје, ги присилил трите службенички да му ја отворат просторијата каде биле сефовите од банката и одзел парични средства во вкупен износ од 1.330.000 денари.

Јавниот обвинител кој постапува во предметот, до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Прилеп поднл предлог за притвор за осомничениот. Судот го прифатил предлогот и на осомничениот му е определен притвор во траење до 30 дена.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Николоски: Се решаваат сложени инженерски проблеми на автопатот Охрид – Кичево, силна динамика на терен

Борозан: Наместо срамна здравица пред камери, објавете го извештајот за водата во Гостивар

СВР Битола лиши од слобода две лица поради предизвикување пожари