Утрински Весник
Свет

(Видео) Белорусија донела руски екипи да ги преземат државните медиуми

(Видео) Белорусија донела руски екипи да ги преземат државните медиуми

Директорка на еден државен ТВ-канал за вести во Белорусија изјави во средата дека таа и другите штрајкувачи неделава биле заменети со руска екипа за време на тековните антивладини протести во земјата.

Белорускиот портал TUT.BY во средата објави видео во кое жената, која се идентификува како Алена Мартиновскаја, директорка на државниот ТВ и радиоканал „Белорусија 3“.

Мартиновскаја му кажува на локален репортер дека нејзе и на нејзините колеги во редакцијата во средата им било забрането да продолжат со работа откако учествувале во работничките штрајкови изминатите неколку дена, тврдејќи дека државната компанија донела руски специјалисти за да ги заменат.

„Денес, моите колеги и јас отидовме на работа околу 9 часот наутро.  Пред зградата имаше полицаец кој чуваше стража. Тој ме праша каде одам и јас му реков: ‘Да работам’. Тој рече: ‘Те молам, покажи ми ја твојата легитимација’ и праша за моето презиме“, вели Мартиновскаја во клипот, преведен и транскрибиран од руски на англиски од „Њузвик“.

„Тогаш тој ми рече: ‘Вие сте на црната листа и не можеме да ве пуштиме’. Прашав зошто и тој рече: ‘Ете така. Јавете му се на шефот за да потврдите што се случува’ “, продолжува таа.

Мартиновскаја се сомнева дека „црната листа“ вклучува имиња на луѓе како неа, кои или излегоа на штрајк или ги напуштија своите работни места за да протестираат против резултатите од неодамнешните претседателски избори во Белорусија. Таа тврди дека владата на Белорусија донела руски екипи за да ги замени новинарите од црната листа.

„Два авиона со вработени беа испратени од Русија. Тие ги преземаат нашите одговорности за голема сума пари“, тврди Мартиновскаја.

На 9 август Александар Лукашенко го доби својот шести последователен мандат како претседател на Белорусија, каде што владее изминатите 26 години како прв и единствен претседател.

Дисиденти велат дека Централната изборна комисија на Белорусија ги фалсификувала резултатите од изборите за да му го донесе убедлива победа на Лукашенко и излегоа на улиците да протестираат против гласањето.

Протестите продолжија на национално ниво изминатите 11 дена и прераснаа во општо движење против Лукашенко. Демонстрациите се соочија со прекумерна сила од полицијата, но добија поддршка од САД и Европската Унија.

Во средата ЕУ рече дека не ги признава резултатите од претседателските избори на 9 август како легитимни и најави дека ќе воведе нови санкции за претставниците на Белорусија одговорни за насилството, репресијата и за измама на изборите.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Полска одбележува 80 години од Варшавското востание

Едногодишно бебе ставило ТВ-кабел во уста, доживеало струен удар: Родителите во шок

Техеран: Ајатолахот Хамнеи одржа погребна молитва за лидерот на „Хамас“ Исмаил Ханија