Утрински Весник
Свет

Лукашенко: Ситуацијата во земјата е мој проблем и ќе го решиме во наредните неколку дена

Лукашенко: Ситуацијата во земјата е мој проблем и ќе го решиме во наредните неколку дена

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека ќе ја реши ситуацијата во земјата во наредните денови.

„Некои луѓе не ја сакаат ситуацијата во Минск и на други места, што е природно. Но, тоа не треба да ве загрижува, тоа е мој проблем што треба да го решам и што ќе го решам. И верувајте ми, ќе го решиме во наредните денови“, рече Лукашенко за време на разговорите со земјоделските работници, пренесува ТАСС.

Тој исто така посочи дека состојбата во земјата е исполитизирана и дека не треба да се смета за катастрофа.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ЕУ ќе даде пет милиони евра помош за областите погодени од земјотресите во Венецуела

Иран нападна цели поврзани со американските сили како одговор на американскиот напад

Трамп го претстави специјалниот пасош со својот лик