Во телото на Навални е пронајдена опасна супстанција што претставува опасност не само за него туку и за неговата околина.
Ова го изјави директорот на Антикорупцискиот фонд, чиј основач е рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, Иван Жданов, кој се осврна на информациите што ги добил од претставниците на сообраќајната полиција.
Според неговите зборови, На прашањето да објаснат за каква супстанција станува збор, претставничката на полицијата рекла дека тоа е тајна на истрагата, дека не може да каже и дека станува збор за смртоносна супстанција, поради што секој околу пациентот ќе мора да носи заштитен костим, пренесува порталот „Спутник“.
Жданов исто така рече дека не знае за која супстанција станува збор.