Утрински Весник
Македонија

Тешко повреден 52-годишник при судир на мотоцикли во Куманово

Во попладневните часови на 20. август во кумановската полиција било пријавено дека на булеварот „Октомвриска револуција“, се случила сообраќајна незгода помеѓу мопед „генерикс“ управуван од 23-годишник и мотоцикл „пијаџо“, управуван од Е.А. (52).

Во незгодата со тешки повреди се здобил 52-годишникот, а истите му биле констатирани откако итно бил пренесен во Медицинскиот центар Куманово.

На местото на незгодата извршен бил увид од екипа на кумановската полиција.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

АХВ заплени и уништи еден тон пилешки желудник забранет за увоз и користење

Уапсен охриѓанец кој нелегално поседувал оружје 

МЕРМС: Со партнерска соработка до побрза енергетска обнова на јавните објекти