Утрински Весник
Свет

(Видео) Судир меѓу полицијата и граѓаните во Хаг на протест против коронавирусот

(Видео) Судир меѓу полицијата и граѓаните во Хаг на протест против коронавирусот

Полицијата во Холандија уапси десетици луѓе по судирите меѓу нивните припадници и граѓаните кои се собраа во знак на протест против мерките воведени поради коронавирусот.

Граѓаните се собраа за да изразат незадоволство од воведените мерки, а наскоро, како што тврдат организаторите на протестот, меѓу нив се инфилтрирале полицајци во цивил и настанал општ хаос.

Демонстрантите се собрале во парк и почнале да викаат: „Ние сме Холандија“, но во следниот момент дошло до конфликт, па униформираната полиција интервенирала и почнала да апси.

Неколку лица се повредени во судирите. Снимките што кружат на социјалните мрежи покажуваат дека некои полицајци морале да интервенираат и да употребат сила, бидејќи биле бројно надминати и физички нападнати.

На снимките се појавуваат полицајци кои тепаат жени само затоа што не ја почитувале нивната наредба да се тргнат.

Некои делови од градот се затворени.

Организаторите на протестот тврдат дека имале дозволи да се соберат и дека сè било уредно пријавено во полиција.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Драма на аеродромот во Анталија, авион се запали – евакуирани 79 патници

Сибиха бара партнерите да и обезбедат на Украина системи за пресретнување на ракетите Орешник

Будистички манастир под истрага: 41 тело откриено во Тајланд