Утрински Весник
Свет

Бајден ја прифати номинацијата на демократите и вети обединување на нацијата

Бајден ја прифати номинацијата на демократите и вети обединување на нацијата

Џо Бајден и официјално ја прифати претседателската номинација на демократите за изборите во САД.

По тој повод, во обраќањето Бајден истакна дека заедно ќе го надминат мрачниот период во Америка. Тој оцени дека со Трамп САД се во темнина, а во политиките на Трамп имало многу гнев, страв и поделба.

„Дали ова се САД што ги сакате вие, за вашето семејство, за вашите деца? Заедно можеме да ја обновиме Америка“, додаде Бајден и повика на обединување на нацијата.

Бајден во говорот му се заблагодари на поранешниот претседател Барак Обама.

„Вие бевте одличен претседател“, рече Бајден и додаде дека Обама бил претседател кој ја заслужил сета восхит.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Два танкера погодени од проектили во близина на брегот на Саудиска Арабија

Трамп тврди дека Зеленски добил „милијарди долари“, Шикорски негира – САД немаат дадено „ниту цент“ од јануари 2025

Нов бран протести низ Франција поради зголемените трошоци за живот