Приватната зоолошка градина со диви животни во центарот на хит серијата на „Нетфилкс“, „Кралот на тигрите“ ги затвора вратите трајно, изјави нејзиниот сопственик, цитирајќи притисок од активисти за животински права и инспектори.
„Од денес, решивме да ја затвориме старата зоолошка градина“, напиша Џеф Лоу, напиша сегашниот сопственик на егзотичниот животински парк „Голем Вајнјуд“ во Оклахома, на својата страница на Фејсбук.
Во објавата Лоу вели дека неговата лиценца за водење на зоолошката градина е суспендирана на 21 ден од страна на американските владини инспектори и дека тој доброволно ја откажал. Тој додава дека колекцијата на лавови и тигри „ќе продолжи да има одлична грижа“.
„Крал на тигрите“, крими-серија за приватните зоолошки градини и нивните ексцентрични сопственици, стана глобален феномен кога се емитуваше во март.