Утрински Весник
Свет

(Видео) Бетмен се појави на улиците на Сантјаго, им дели храна на бездомниците

(Видео) Бетмен се појави на улиците на Сантјаго, им дели храна на бездомниците

Непознат човек маскиран како Бетмен им дели храна на бездомниците на улиците на Сантјаго и им дава утеха на оние на кои им е потребна по неколкумесечните рестриктивни мерки во главниот град на Чиле во текот на новиот коронавирус, пишуваат чилеанските весници.

Човек во сјаен костим на Бетмен, опремен со заштитна маска поради коронавирусот, редовно доставува десетици чинии со топли оброци за бездомниците во Сантјаго.

Тој рече дека сака да остане анонимен.

https://www.youtube.com/watch?v=UYufas2pFnE

„Погледнете околу себе, ако можете да им посветите малку време, да им дадете малку храна, засолниште, понекогаш и охрабрувачки збор на оние на кои им е потребно, сторете го тоа“, рече тој додавајќи дека целта на маскирањето е да се донесе радост и да се обединат луѓето.

Ограничувањата наметнати да се запре ширењето на коронавирусот ја уништија чилеанската економија и невработеноста се зголеми.

Симон Салвадор, еден од примателите на помош, вели дека потегот на непознатиот човек се цени и дека вистинските чувства се очигледни, со или без костимот на Бетмен.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Tанкер во ОАЕ погоден со две ракети, повреден член на екипажот

(Видео) Еве како денес изгледа Париз поле по вчерашните протести

Макрон по насилните протести: Тие кои напаѓаа и ограбуваа ќе бидат кривично гонети и казнети