Канадскиот дефанзивец на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис и неговаа девојка Џордин Хујтема, инаку фудбалерка на Пари Сен-Жермен можат да станат првата двојка која освоила Лига на шампиони во иста сезона.
Дејвис е клучен член на тимот на Ханси Флик, кој во недела ќе игра со Пари Сен-Жермен за најголемиот клупски трофеј во Европа, додека Хујтема, која исто така доаѓа од Ванкувер, Канада, игра за женскиот тим на ПСЖ, кој ќе игра со Арсенал во четврт-финалето во сабота, а потоа би играла против подобриот од дуелот помеѓу Лион и Баерн Минхен, кои иронично се клубот на нејзиното момче. Женското финале на ЛШ се игра во Билбао на 30 август.
Дејвис и Хујтема се заедно од нивната 16-та година, а во 2017 година беа прогласени за најдобри млади фудбалери во Канада.
View this post on InstagramFinale de la Coupe de France demain?? #icicestparis
View this post on Instagram3 yrs w/ my person❤️ I love you
View this post on Instagram“I like Minnie’s hands better, they have a bow….AND SPARKLES”. -Alphonso
> Дејвис и девојката Џордин можат да станат прва двојка со трофеј од Лига на шампиони <