Утрински Весник
Свет

Кина четири месеци без смртен случај од коронавирус

Кина четири месеци без смртен случај од коронавирус

Последен пат кинеската Национална здравствена комисија пријавила смрт од коронавирусот на 14 април.

Кинеските здравствени власти соопштија дека во земјата ниту еден хоспитализиран пациент не починал во последните четири месеци.

Претставникот на Националната здравствена комисија Гуо Јанхонг истакна дека ова е најсилниот доказ дека кинеските искуства, методи и стратегии во лекувањето на лица со коронавирус се ефикасни.

Тој ја пофали стратегијата на Кина за спречување на ширењето на Ковид-19.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Мерц остро ги критикуваше израелските напади врз Либан,

„Ја внесувам цената на слепо“: Гнев и конфузија на бензинските пумпи во Германија

Русија и Украина разменија тела на загинати војници