Утрински Весник
Свет

Немири во Портланд, полицијата употреби солзавец и шок-бомби

Немири во Портланд, полицијата употреби солзавец и шок-бомби

За време на синоќешните протести во американскиот град Портланд е запалена една зграда за јавни услуги.

Протестите завршиле следното утро откако демонстрантите се судриле со полицијата.

АП наведува дека околу 200 демонстранти запалиле контејнери за ѓубре, кршеле прозорци на првиот кат од зградата со камења, а потоа фрлале запалени предмети низ нив, а поради оганот се активирал противпожарниот систем во зградата.

За да ги растера демонстрантите, полицијата користела средства како што се солзавец и шок-бомби. Во немирите е повреден еден полицаец кој се здобил со полесни повреди и уапсени се двајца демонстранти.

Слични насилни протести во Портланд се случија во неколку наврати од убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој беше убиен од бел полицаец во Минеаполис.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

„Гардијан“: Русија губи 6.000 војници повеќе во Украина секој месец отколку што регрутира

Во Сеута останаа 5.000 мигранти, од кои 1.500 малолетни лица

САД потпишаа договор за нафта со Венецуела