Утрински Весник
Македонија

Угостителите од Балканот на заедничка маса во Скопје ќе разговараат за мерките поради коронавирусот

Угостителите од Балканот на заедничка маса во Скопје ќе разговараат за мерките поради коронавирусот

Северна Македонија ќе биде домаќин на првата регионална конференција „Ковид-19 – неформален партнер: Угостителите во очекување на вториот бран“ на 23 и 24 септември во Скопје во организација на Независната угостителска комора.

Организаторите на настанот велат дека во пресрет на вториот бран на вирусот, во изминатите денови сме сведоци на нови шокантни вести од целиот свет за новите рестриктивни мерки кои веќе се најавуваат за имплементација или веќе се на сила.

Со овие мерки, како што додаваат од комората, се задава нов и уште посилен удар на угостителската индустрија од која зависат и живеат милиони луѓе во светот.

Во земјата има 6.500 угостителски објекти со повеќе од 35.000 пријавени вработени и повеќе од 10.000 сезонски работници кои заедно со своите семејства сочинуваат повеќе од 200.000 од населението во нашата земја.

„Со оглед на тоа што не знаеме дали угостителскиот сектор во земјава, регионот и пошироко во Европа би можел да преживее во новосоздадените услови, Независната Угостителска Комора, поддржана од своите членки, одлучи дека е неопходно да се реагира на оваа ситуација со цел на време да се согледаат моменталните штети од првичниот удар од пандемијата на Ковид-19 и да се понудат решенија за надминување на дополнителните штети од вториот есенски бран на вирусот.“ – изјави претседателот на НУК, Здравко Јосифовски.

На конференцијата владини претставници и претставници на локалните самоуправи од регионот, заедно со претставници на релевантни институции од Европската Унија и Светската Здравствена Организација ќе разменат искуства за работите што ги имаат направено и активностите со кои планираат да ги ублажат последиците од пандемијата и вториот бран на заразени од Ковид-19.

Стручни медицински лица, балкански асоцијации, комори и здруженија на угостители, производители, дистрибутери, увозници и останати засегнати страни ќе имаат можност преку работни панели да придонесат кон дискусијата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме